Зошто мажите не слушаат а жените не знаат да читаат мапи

Зошто мажите не слушаат а жените не знаат да читаат мапи

Цена: 380 ден.

Опис на книгата

Сте посакале ли некогаш да постои прирачник за употреба на вашиот партнер? Овој светски бестселер е одговорот на сите прашања што ве мачеле во врска со спротивниот пол!

На своето тригодишно патување низ светот, Барбара и Алан Пиз собраа драматични сознанија што ги преточија во оваа нова, контроверзна книга за половите разлики. Низ најновите истражувања за умот, проучувања на еволуциската биологија, анализи на психолозите, разгледување на општествените промени и, во меѓувреме, додевајќи им на мештаните, тие ни ги откриваат разликите во начинот на кој размислуваат и комуницираат мажите и жените.

Резултатот е понекогаш шокантен, честопати урнебесно смешен, но секогаш поучен увид во тоа каде е повлечена борбената линија меѓу половите. Зошто токму таму и како да ја надминеме?

Прочитајте ја оваа книга и – конечно! – разберете зошто мажите не слушаат, а жените не знаат да читаат мапи. Ова е книга која ќе ви ги „разјасни“ нештата и ќе ви го промени животот еднаш засекогаш!

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2015
Издавачка куќа Три
ISBN 978-608-230-314-7
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x