Ѕидот белутрак

Ѕидот белутрак

Цена: 230 ден.

Опис на книгата

Најновотоавторско остварување на Велко Неделковски е збирката раскази и новели „Ѕидот белутрак“ – во која, низ временски прескоци, а преку четиринаесет тематски целини, се одвива тревожна потрага по човековитедоблести, недостатоци, предизвици, премрежиња, таги, а поретко и радости, мечти, дострели и падови на духот, неостварени соништа и тескобно јаве. Во овие раскази минатото е гордост или можеби товар, сегашноста е певливо или можеби плачливо време, а иднината – блиска за воздишка, а далечна за дофат. Реалното во оваа проза е грчовит заграб за почвата, а мистичното е (не)забранет летво посакувани предели…

Збирка раскази со значење на еден цел космос од аспект на опишанителикови. Како и секогаш, Неделковски умее реалистичната постапка во своите дела паралелно да ја испреплетува со магиски елементи и со надреалистични и гротескни ситуации. Мајсторот на краткиот расказ успева преку постмодернистичката стилска постапка на „претерување“ и „краток спој“ да ја долови апсурдноста на човековиот живот.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2018
Автор Велко Неделковски
Тежина 258
Страници 232
ISBN 978-608-243-275-5
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x