Животот на Лота: Зајачиња, зајачиња насекаде!

Животот на Лота: Зајачиња, зајачиња насекаде!

Цена: 230 ден.

Опис на книгата

Всушност, Лота си е сосема обично девојче!

Но ѝ се случуваат многу забавни авантури! 

Лота мрази флејта и прокељ. Ги обожава својата најдобра пријателка, животните и одморите. Нејзините двајца браќа близнаци – се официјално најужасните браќа на светот, и тоа не само кога ѝ ја полнат флејтата со сенф!

Мајката на Лота е занесена по магични правосмукалки на пареа и освежувачи за уста со комплицирани индиски имиња, а татко ѝ e учител, но за среќа не во истото училиште каде што учи Лота. Таа ќе може уште повеќе да се забавува на часовите и меѓу нив ако нема толку строга класна како Гизела Какам. И да не ви текнало да правите шеги со нејзиното презиме.

Но да не ги заборавиме зајачињата! Во оваа забавна и толку откачена книга ги има многу, скокаат насекаде и мрдаат со ушите. Лота многу сака да си има барем едно, едничко зајаче. И ништо нема да ја сопре за да го добие.

Според „Животот на Лота – Зајачиња, зајачиња насекаде“ се снима филм. Досега е распродадена во над 3 милиони примероци само во Германија. А секоја наредна приказна за авантурите на Лота уште со самото објавување се искачува на сите топ-листи!

Детали за продуктот

Корица Мека
Автор Алис Пантермилер
Година на издавање 2018
ISBN 978-608-243-286-1
Страници 184
Тежина 196
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x