Живот без крај

Живот без крај

Цена: 380 ден.

Опис на книгата

Новото дело на славниот Фредерик Бегбеде романот Живот без крај е негова најавтобиографска приказна. Самиот автор ја нарекува темата на романот соодветна на неговата возраст – доколку претходните книги му беа за љубовта сексот бракот експериментирањето со дрогите итн. во овој роман педесетгодишниот Бегбеде ги истражува темите на семејството на смртта и вечниот живот.

Нараторот на Живот без крај е опседнат со идејата да најде „лек“ за смртта и во таа навидум невозможна потрага ќе биде вклучено целото негово семејство. Трагањето по бесмртноста се претвора во луда авантура, за на крајот, останувајќи во доменот на предвидливото и исполнувајќи ги очекувањата на читателот, нараторот да открие дека бесмртноста постојано била пред него, отелотворена во неговите две ќерки.

Бегбеде без патетика и со многу хумор ја допира оваа мрачна тематика и гради возбудлива приказна која завлегува во доменот на научната фантастика.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2018
Страници 264
Издавачка куќа Три
Автор Фредерик Бегбеде
ISBN 978-608-230-596-7
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x