Желбите не ги пишуваат романите
Желбите не ги пишуваат романите

Желбите не ги пишуваат романите

Цена: 280 ден.

Опис на книгата

Романот „Желбите не ги пишуваат романите“ е емотивна приказна за две жени: Калина и Елена приближно на исти години со кои животот сурово се поиграл и ги натерал да се соочат со вистината дека животот е борба, затоа собираат храброст и судбината ја земаат во свои раце...

Калина ќе ја испрати ќерката Илина на школување во Америка. Нивната разделба е болна, но има цел...

Елена, длабоко разочарана во љубота заминува на дошколување во Америка, оставајќи ги зад себе своите најмили. Со упорна работа постигнува голем успех на професионален, но не и на приватен план.

Нејзиниот брак се распаѓа, а таа во туѓина останува сама...

Годинава славам голем јубилеј. Се навршуваат 50 години (1969-2019) откако сум дојдена од Косово во Македонија, со цел да го продолжам моето образование. Со стекнав со факултетска дипломата, но назад не се вратив. Останав тука, во Скопје, се вработив, формирав семејство, станав баба, дочекав пензија, напишав петнаесет романи…

Животот ми беше целосно исполнет, за ништо не жалам и ништо не би менувала. Сега е дојдено времето да уживам во плодовите од мојот труд.

Додека ги пишувам овие редови се просетив дека, ако не живеевме во заедничката држава Југославија, и мојата „карта“ ќе беше карта за во еден правец како онаа на Елена, Илина и на илјадници други...

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2019
Издавачка куќа Култура
Страници 218
Автор Милијана Павловска
ISBN 978-608-262-004-6
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x