Зенот и јапонската култура е едно од најзначајните дела за зенот во дваесеттиот век и драгоцен извор за оние кои посакуваат да ги сфатат неговите идеи во контекстот на јапонскиот начин на живот и јапонската уметност. Со едноставен и често поетски јазик, Даисец Сузуки го опишува своето поимање на зенот и неговата историска еволуција. Тој зенот го поврзува со философијата на самурајот и на истанчен начин го претставува односот на зенот со мечувањето, хаикуто, чајната церемонија и јапонската љубов кон природата, збогатувајќи го овој длабоко мисловен труд со интересни анегдоти и со извонредна поезија. Своето прво издание ова дело го доживеало во 1983 година и оттогаш игра водечка улога во обликувањето на сфаќањата за влијанието што зенот го извршил врз традиционалните јапонски уметности. Даисец Теитаро Сузуки e најистакнатиот јапонски познавачна зен-будизмот и автор на над сто дела на таа тема. Будизмот го изучувал во познатиот зен-манастир во Камакура. На осумдесетгодишна возраст заминал за Соединетите Држави и најголемиот дел од претстојната деценија ја поминал поучувајќи, држејќи предавања и пишувајќи, особено на Колумбија, Харвард и на Универзитетот во Мексико. Бил пријател и влијаел врз личности какви што се К. Г. Јунг, Ерих Фром, Мартин Хајдегер, Карл Јасперс, Арнолд Тојнби, Габриел Марсел и Херберт Рид, кој за Сузуки напишал: „Тој во себе ја обединуваше невиноста на дете со светоста на светец“.