Дојдов во оваа земја и немам намера да ја оставам или таа да ја засени мојата работа; ниту ќе им дадам таква слава на моите непријатели или таква болка на моите поданици.
Младата инфанта Изабела е оставена на милост и не милост на суровоста на шпанскиот двор во време на владеењето на нејзиниот полубрат, кралот Енрике IV, подводлив на блудност и застранување. Но, нејзината судбина да биде кралица на Кастилија е неизбежна и покрај сите препреки. Периодот на владеeње на Изабела I од Кастилија го опфаќа обединувањето на шпанските кралства, примирјето со Португалија, Инквизицијата, падот на Гранада, прогонот на Сефардите и појавата на Кристофер Колумбо. Таа не е само кралица, таа е и мајка на пет деца од успешниот брак со кралот Фернандо од Арагон.
Кастилија е на прво место. Тоа беше мојот завет на денот кога го зазедов престолот!