Приказната за францускиот филозоф АБЕЛАР (1079–1142) и за неговата остроумна ученичка ЕЛОИЗА (1101–1162) е запаметена низ времето како еден од најдраматичните и најпознатите љубовни скандали.Низ нивните страсни преписки е предаден развојот на нивната романса – од нејзиниот безгрижен занесен почеток до јавниот скандал, принудниот таен брак и трагичните последици што ги предизвикал.Во слаткоречивите интимни писма е претставена широка палета на емоции, од воодушевување до обвинување, од огорченост до болување, низ кои е насликан и религиозниот живот во средниот век.