Враќањето на козите

Враќањето на козите

Цена: 230 ден.

Опис на книгата

Вие Балканците никогаш нема вистински да ја разберете нашата благородна и хумана мисија со подарените сто европски кози!

Ниту вие нашите балкански кози и прчови! Не заборавајте дека љубовта на вашите европски кози и на нашите расни прчови ќе донесе на свет вистински европско-балкански козичиња. Во тоа јас го гледам успехот на вашата европска мисија во Македонија – Враќање на козите.

Откако ја обиколија речиси цела книжевна Европа и Америка (преведени на дваесет јазици и објавени во триесет земји), овенчани со многу признанија, со најновиот роман Враќањето на козите, козите на Луан Старова стигнуваат во новата независна Република Македонија. Некогаш, во времето на тоталитаризмот, жртви на невиден „козоцид“, козите се враќаат преку европските патишта на солидарноста во новото време на транзицијата во новиот капиталистички систем. Но тука, и покрај слободата, стануваат жртви на мафијашки спреги и локални босови. Авторот и во оваа филозофска бајка продолжува автентично и книжевно суверено да го раскажува Балканот.

Враќањето на козите од авторот на „Балканската сага“ од досега објавените книги Времето на козите, Татковите книги, Атеистички музеј, Балкански клуч, Ервехе, Тврдина од пепел, Патот на јагулите, Потрага по Елен Лејбовиц, Љубовта на генералот, Амбасади, Балканвавилонци, Полифонисти.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2016
Издавачка куќа Три
Автор Луан Старова
ISBN 978-608-230-422-9
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x