Возвишување 

Возвишување 

Распродадено

Опис на книгата

Возвишување се случува во Бугарија во 1872 година. Ова е време на самообразование и на преданост кон идејата за ослободување од угнетувачите. Претенциозниот раскош на револуционерните идеи се пробива и до свеста на две момчиња, чесниот полуобразован Гичо и неговиот наивен пријател, клептоман, Асен. Вооружени со пиштоли и со книги, од градот Котел тргнуваат да се приклучат на група разбојници револуционери. Со нив учествуваат во кражба на турски даночен конвој кај преминот Арабаконак – настан што ќе го означи пресвртот во нивните трагикомични авантури. Овој напад е добропознат во историјата и поттикнал силна и безмилосна реакција на корумпираните османски власти и довел до масовни апсења и уништување на Внатрешната револуционерна организација.

Романот е добитник на Наградата за литература на Европската Унија во 2014 година.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2016
Автор Милен Русков
ISBN 978-608-243-150-5
Страници 408
Тежина 386
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x