Воздишката на Сузана

Воздишката на Сузана

Цена: 330 ден.

Опис на книгата

Моќно дело за љубовта, за пријателството, како и за љубовта на родителите кон децата.

Сузана Либескинд е ќерка на сопственик на фабрика за  шеќер. Ништо не ѝ недостига и лесно патува низ секојдневјето опкружена со сладок живот и шеќерна волна.

Сузана има двајца другари: Хануш и Јан, а и двајцата ја сакаат. Интелигентна е и убава, а згора на тоа е од богато семејство. Но е Еврејка. Се случува германската окупација и таа завршува во концентрационен логор.

Патиштата на тројцата се разидуваат, детството го заменува присилното созревање: Јан му се приклучува на отпорот, Хануш станува колаборант, а Сузана се обидува да ги преживее садистичките експерименти во логорот.

Ја победува сета болка што ѝ е нанесена, но, кога се враќа дома за да ја преземе шеќераната од убиениот татко, дознава дека со нејзините карти некој започнал друга игра...

Дали сè уште е способна да сака по сè што преживеа? И има ли избор?

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2021
Страници 304
Издавачка куќа Антолог
ISBN 978-608-243-486-5
Автор Јакуба Каталпа
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x