Војници со гумени чизми

Војници со гумени чизми

Цена: 230 ден.

Опис на книгата

Војници со гумени чизми е драматична и страсна приказна за копнежот и љубовта за растењето и пронаоѓањето на својот животен пат.

Современ роман-потсетник на едно бурно време во кое заедно со големата држава се распаѓаа и многу семејства и надежи, кога се бришеа границите меѓу чувствата и разумот, меѓу реалноста и човечките сништа.

Браќата Васил и Столе се само едни од многуте кои не успеваат да се приспособат кон новите околности. Приказната за нивните соништа и разочарувања лесно го внесуваат читателот во еден магичен свет во кој патувањето низ времето е начин да се долови нивниот живот од една поинаква перспектива. Едниот страстен и немирен, другиот спокоен и разумен, секој на свој начин се соочува со своите демони. И токму кога се чини дека си ги средуваат работите и наоѓаат прибежиште во љубовта, над нив се надвиснуваат нови закани.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2017
Издавачка куќа Три
Автор Ивица Челиковиќ
ISBN 978-608-230-486-1
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x