Војната нема женско лице

Војната нема женско лице

Цена: 280 ден.

Опис на книгата

Војната нема женско лице е една од најпознатите книги за војната. За време на Втората светска војна, околу еден милион жени се бореле на страната на Црвената армија, но за нив никогаш ништо не се пишува. Оваа книга ги собира на едно место спомените на стотици жени – снајперистки, тенкистки, болничарки. Ова е приказна за жените во текот на војната. Што ним им се случувало, како таа ги променила? Од што се плашеле? Како научиле да убиваат? Овие жени – повеќето првпат во својот живот – ја раскажуваат нехеројската страна на војната, која најчесто не е присутна во сеќавањата на ветераните. Тие говорат за валканоста и за студот, за гладот и за сексуалното насилство, за проблемите и за сенката на смртта. Алексиевич дозволува овие гласови да се слушнат во нејзината трогателна книга, првпат објавена во 1985 година. Авторката ја дополнила во 2002, преработувајќи ги деловите што биле цензурирани и додавајќи нови материјали што првично не било дозволено да се објават.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2016
Страници 320
Тежина 343
Автор Светлана Алексиевич
ISBN 978-608-243-168-0
Издавачка куќа Антолог

Книги од авторот

Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x