Во лавовска кожа

Во лавовска кожа

Цена: 230 ден.

Опис на книгата

„Во лавовска кожа“ е љубовна приказна и неодолива мистерија што се одигрува во возбудливиот, турбулентен свет на Канада во дваесеттите и во триесеттите години на XX век.

Мајкл Ондачи ги испреплетува авантурата, романсата и историјата, вистинска и измислена, вовлекувајќи нè во животите на мигрантите Македонци, Срби, Финци и Италијанци, кои работат на изградбата на Торонто, и во цела галерија други ликови: политички моќници, анархисти, градители на мостови, исчезнат милионер и неговата љубовница, спасена калуѓерка и шармантен крадец.

Ова е магична приказна за страста, привилегиите и суровата физичка работа, за мажите и за жените мотивирани од сомилоста и водени од моќта на своите соништа – понекогаш дури и со убиство. Овој роман си игра со границата помеѓу историјата и митот, модерен класик.

Детали за продуктот

Корица Мека
Тежина 207
Година на издавање 2020
Страници 192
Автор Мајкл Ондачи
ISBN 978-608-243-376-9
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x