Вивисекција на македонската народна приказна

Вивисекција на македонската народна приказна

Распродадено

Опис на книгата

При обидот да се одговори на низа прашања што ги наметнува поставената тема во трудот, која се аплицира врз примери од собирачкиот опус на Марко Цепенков, Стефан Верковиќ и на „Битови приказни и анегдоти“ во избор и редакција на д-р Кирил Пенушлиски, ова дело има цел да го насочи своето внимание врз структурата и семантиката на реалистичката народна приказна. Kако апликативен материјал се избрани 100 приказни, при што конечната определба се исчитувањето и расчленувањето на текстовите на нивоа и на групи.

Проблемот со класификацијата на фолклорниот прозен материјал о(п)станува како нерешлива загатка, воопшто не обидувајќи се да понуди единствени решенија на национално ниво, макар и да се сосема неупотребливи во интернационални рамки. Класификацијата на македонските прозни жанровски форми во својот развој е обусловена од затекнатите „почетоци“ за подредување на граѓата според туѓи, регионални постапки за класифицирање. Во тоа време, тоа е херојски обид за пробив на македонскиот наратив, а денес претставува дело на дејци чија улога се преиспитува во однос на запишувачката постапка, печатењето и редактирањето на собраниот материјал.

Оттаму и потребата за проучување и ставот дека за фолклорна граѓа од типот на реалистичните народни приказни потребни се не само сеопфатен структурално-семантички пристап, повеќе и различни парадигматски читања на текстот, туку и примена на мултидисциплинарен пристап при аналитичка деконструкција на материјалот.

Во однос на оваа констатација, содржината на овој труд придонесува кон сугестија за дополнителна изработка на еден амбициозен проект, со комплексен и културолошки пристап кон разгледувањето на фолклорниот прозен материјал.

Детали за продуктот

Корица Мека
Страници 160
Година на издавање 2017
Тежина 275
Автор Лилјана Пецова-Илиевска
ISBN 978-608-243-216-8
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x