Вистинскиот живот

Вистинскиот живот

Цена: 280 ден.

Опис на книгата

Книгата ги истражува мрачните вистини за растењето во дом исполнет со насилство и страв, како и последиците од живот без љубов од страна на оние што би требало да ги заштитат сопствените деца.

Главен лик е млада девојка што живее со родителите и со помалиот брат Жил, единствената светла точка во нејзиниот живот. Нивниот дом е непријатно место исполнето со постојана закана од избувнувањата на насилниот татко, кој, освен телевизијата и алкохолот, го сака и мирисот на свежиот улов.

Мајката пак е целосно потчинета на барањата на својот насилен сопруг. Затоа, девојката е рамнодушна кон неа, затоа што прифатила таков живот и не ги штити неа и нејзиниот брат. Кога трагичната несреќа ќе ги раздели, а нејзиниот брат ќе стане нем „робот“ што полека се претвора во садистичко момче што ги тероризира другите, девојката се чувствува како да загубила сè на овој свет и е опседната со желбата да се врати во минатото и да го спаси братот од мрачната судбина.

Моќно и трогателно патување кон полнолетството. Возбудливиот деби-роман на Дједоне е приказна за полнолетството во која се судираат стварноста и илузијата.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2021
Страници 176
Издавачка куќа Антолог
ISBN 978-608-243-489-6
Автор Аделин Дједоне
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x