Вистинската приказна за носот на Пинокио
Вистинската приказна за носот на Пинокио

Вистинската приказна за носот на Пинокио

Цена: 530 ден.

Опис на книгата

Томас Ериксон е познат адвокат кој е брутално убиен во својот дом. Полицијата се наоѓа во необична ситуација – има проблем со пронаоѓање на осомничениот, бидејќи списокот на потенцијалните виновници е многу долг.

За да биде случајот уште посложен, прв осомничен е Еверт Бекстром – инспекторот кој е задолжен за истрагата на ова убиство. За среќа, Бекстром има одлична мрежа на сомнителни контакти кои му помагаат да ги испорача виновниците. Сè што треба да направи е да го прекрши секое правило кое му се наоѓа на патот и да затвори очи пред подмитувањето.

Овој пат ниту најкорумпираниот полицаец не би можел да предвиди во кој правец, ниту колку далеку, овој случај ќе го одведе Бекстром.

„Лејф Першон припаѓа меѓу ретките писатели кои со леснотија го забавуваат читателот, додека истовремено со многу цинизам и проникливост го привлекува вниманието врз неразубавената состојба во современото општество. Одличен роман!“

Сканска Дагбладет

„Першон успева да го наведе читателот на момент да се чувствува исполнето, па на момент лукаво, но никогаш полукаво од својот полициски комесар, кој цело време е еден чекор пред нив.“ - Борас Тиднинг

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2018
Издавачка куќа Култура
Автор Лејф Першон
ISBN 978-9989-32-979-1
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x