Освојувајќи го Лондон, Рамелија, Сидни и Ленона се враќаат во Париз каде ги минале најубавите универзитетски години. Што се случува кога по неколку-дневно забавување посебните копликации на разликите во животот на секоја од нив се испреплетуваат во едно? Имаат ли право најблиските да го решаваат проблемот што е ваш и дали може да и се суди на таквата одлука со оглед на условите на ситуацијата? Или секој човек мора сам да одлучи колку вистини може да поднесе?