Верзијата на Барни е роман напишан во вид на мемоари на главниот јунак Барни Пановски кој со многу хумор и човечка топлина раскажува за својот живот исполнет со интриги чудни пријателства предавства луксуз и загуба. Романот го води читателот на незаборавно патување во Париз во педесеттите години на XX век а подоцна и низ улиците на Монтреал Њујорк и Торонто следејќи го возбудливиот живот на Барни. Тој на својот типично шеговит начин раскажува за своето семејство за своите три жени и трите деца за многубројните пријатели и непријатели. Но во средината на целата приказна се наоѓа и мистеријата поврзана со убиството на неговиот најдобар пријател за кое тој е единствениот обвинет.
Верзијата на Барни е најпознатиот бестселер на канадскиот писател Мордекај Ришлер. Според сценарио напишано од самиот автор, во 2010 година е снимен истоимен филм кој, исто како и книгата, се смета за современа класика.