Вероника реши да умре

Вероника реши да умре

Распродадено

Опис на книгата

На прв поглед Вероника има сè што може да посака. Ги посетува популарните ноќни клубови се запознава и се забавува со привлечни млади мажи меѓутоа сепак не е среќна нешто ѝ недостига во животот.

Затоа, на 11 ноември, решава да умре. Откако ќе земе преголема доза апчиња, дознава дека ќе живее само уште неколку денови… И токму тогаш, кога го преживува она што никогаш не си го дозволила - љубовта, омразата, стравот, љубопитството - сфаќа дека секоја секунда од нејзиното постоење е личен избор меѓу животот и смртта. А нејзиниот избор е...да живее.

Ми се допаѓа овој роман на Коелјо. Навистина длабоко ме потресе. Умберто Еко

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2010
Издавачка куќа Три
ISBN 9786084577546
Пауло Коелјо

Пауло Коелјо

Пауло Коелјо де Соуза (Paulo Coelho) (роден на 24 август 1947 година) е бразилски текстописец и романсиер. Член е на Бразилската академија за писма. Неговиот роман „Алхемичарот“ е продаден во повеќе од 150 милиони примероци ширум светот и е најпродавана книга на сите времиња од бразилски писател. Тој влијаеше на бразилската рок музика преку неговото партнерство со музичарот Раул Сеиксас.

Повеќе за Пауло Коелјо

Книги од авторот

Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x