Вдовицата
Вдовицата

Вдовицата

Цена: 430 ден.

Опис на книгата

Тајните ги има во секој брак...

Кога полицијата започна со поставување прашања, Џин Тејлор се претвори во сосема различна жена. Жена што овозможи таа и на нејзиниот сопруг да продолжат понатаму, дури и кога уште повеќе лоши работи почнаа да се случуваат. Меѓутоа, сопругот на таа жена почина минатата недела. И Џин не мора да биде таа жена повеќе...

Има многу нешта што Џин ги премолчи во текот на годините во врска со кривичното дело за кое нејзиниот сопруг беше осомничен. Таа беше премногу зафатена со тоа да биде совршена сопруга, поддржувајќи го својот маж, трпејќи ги обвинувачките погледи и анонимните малтретирања.

Но сега не постои причина зошто повеќе да молчи. Има луѓе што сакаат да ја слушнат нејзината приказна. Тие сакаат да знаат како е да се живее со тој човек. Таа може да им каже дека постојат тајни. Тајните ги има во секој брак. Вистината, тоа е сè што сите сакаат. Но, една лекција што Џин ја научи во последните неколку години е тоа дека таа може да направи луѓето да поверуваат во што било...

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2016
Издавачка куќа Култура
Автор Фиона Бартон
ISBN 978-9989-32-832-9
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x