Уна и Селинџер

Уна и Селинџер

Распродадено

Опис на книгата

Потпирајќи се на вистинити приказни и на историски факти, Фредерик Бегбеде во својот најнов роман Уна и Селинџер раскажува безвременска приказна за една љубов која, како и сите вистински љубовни приказни, во себе обединува моменти на највисока среќа и најдлабока тага, најскриена надеж и најтешки разочарувања. Бегбеде го води читателот низ ноќните клубови во Њујорк во четириесеттите години, во битките од Втората светска војна во Франција, среде интригите на филмската индустрија во Холивуд... Неговите главни ликови се историски личности: славниот и мистериозен писател Џ. Д. Селинџер и Уна О’Нил, ќерката на еден од најголемите американски драматурзи. Но Бегбеде навлегува под историските факти и слика интимен портрет на своите ликови, претворајќи ги во симбол на вечната љубов.

„Возбудлива приказна во која главните ликови најпрво сè ги поврзува, а потоа сè ги раздвојува, така што на крајот ни останува прашањето дали оваа голема љубовна приказна меѓу Уна и Селинџер некогаш воопшто и се одиграла. Можеби тоа е ироничниот начин на Бегбеде да ни покаже дека љубовта е слепа, бидејќи ние како читатели не ги гледаме историските факти, туку живееме во фикцијата за една (не)остварена љубов.“ Ле Фигаро

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2017
Издавачка куќа Три
Автор Фредерик Бегбеде
ISBN 978-608-230-508-0
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x