Умешноста на војувањето

Умешноста на војувањето

Цена: 179 ден.

Опис на книгата

Напишана пред повеќе од 2000 години оваа книга што ја составил мистериозниот војник-филозоф и ден-денес претставува една од најценетите и највлијателни книги за стратегиите на војувањето што со еднакво внимание е проучувана и од современите политичари и лидери како што била и од војсководците од дамнешните времиња. Како студија за анатомијата на организациите кои се наоѓаат во војна Умешноста на војувањето може да се примени на секаков вид натпреварувања и битки низ целиот свет – од интерперсонални до интернационални. Целта на оваа книга е да се достигне непобедливост да се издвојува победа без борба да се стекне моќ што не може да биде совладана од противниците а која ќе се темели врз сфаќањата за физиката политиката и психологијата на конфликтите.

Најдобро е да се победи без борба, говорел Сун Цу. Според него, војната и животот се случуваат во исто време. Оваа книга не содржи ниту една застарена максима или нејасно упатство. Совладајте ги нејзините начела и можете слободно да заборавите на современите книги за менаџмент - Њузвик

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2014
Автор Сун ЦУ
Издавачка куќа Три
ISBN 978-608-230-191-4
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x