Уципуци размислува надвор од кутијата

Уципуци размислува надвор од кутијата

Цена: 480 ден.

Опис на книгата

Бувчето играчка Уципуци останува само дома и паѓа во картонска кутија…

Како ли ќе излезе од неа?!

 

„Размислувај надвор од кутијата“, на Уципуци ѝ се враќаат овие зборови што таткото му ги кажува на Крис додека тој ја пишува својата домашна задача.

„Како да го сфатам тоа? Што значи да се размислува надвор од кутијата ако тоа не го менува фактот дека останувам внатре во кутијата?“, загрижена е Уципуци.

 

Книгата „Уципуци размислува надвор од кутијата“ од латвиската авторка Зане Зуста е продолжение на твојата омилена „Уципуци си го бара домот“. Овој пат, бувчето е заглавено во картонска кутија и, запознавајќи интересни животни што живеат во куќата, а за чие постоење претходно немала поим, дознава големи мудрости, толку важни во модерниот живот, како што се:

Ако не можеш да ги промениш околностите – промени го начинот на кој размислуваш,

Преброди го својот страв, менувајќи го својот став,

Не плаши се да ја прифатиш помошта што ти се нуди во тешките моменти,

Размислувај надвор од кутијата, односно размислувај поинаку.

Детали за продуктот

Корица Тврда
Автор Зане Зуста
ISBN 978-608-243-431-5
Страници 44
Година на издавање 2020
Тежина 400
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x