Творецот и сотворецот
Творецот и сотворецот

Творецот и сотворецот

Цена: 280 ден.

Опис на книгата

Книгава претставува мошне успешен обид да се опише начинот на кој ирскиот писател Џејмс Џојс, несомнено татко на модерната проза, успева преку своите дела, расказите Даблинци, но и моќните романи Портрет на уметникот во младоста, Улис и Бдеењето на Финеган, да стане сотворец на Бога, сеопштиот создавач и уметник Кој го створил светот, онолку колку што му е дозволено на еден човек-уметник. Тој го постигнал својот врв, вели Гиревска, го очудил јазикот во сопствените дела, а посебно во романите Улис и Бдеењето на Финеган до максимум, до оној степен што му е дозволен на едно човечко битие.

Авторката Марија Гиревска е совршен и најпогоден следбеник на делата на Џојс. Таа е и одличен преведувач на мошне тешкото дело, романот Улис полн со референци и алузии на Хомеровата Одисеја, на Стариот завет од Светото писмо, а и преку нејзината втора магистерска теза што го покрива предметот за кој говориме, најдобар толкувач и разбирач на делото на богословот и писател Џејмс Џојс. Ова е прв сериозен приказ на Џојс во македонска култура, моќен есеј за подвигот на овој гигант на светската книжевност.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2019
Издавачка куќа Култура
Страници 316
Автор Марија Гиревска
ISBN 978-608-262-046-6
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x