Трите ќерки на Ева

Трите ќерки на Ева

Цена: 480 ден.

Опис на книгата

На пат кон една луксузна палата на вечера со истанбулската елита на триесет и петгодишната Пери чантата ѝ ја краде еден питач. Во борбата да си ја врати но и да си го спаси животот на земја ѝ паѓа една фотографија – три студентки со својот професор ‒ реликвија од минатото но и непребол што очајно се обидува да го заборави.

Додека градот го тресат терористички напади, во Пери навираат живи спомени од идиличното детство со нејзиниот мистичен придружник, и од студентските денови на Оксфорд, кога првпат го напушта родниот град. Си спомнува на двете најверни другарки од сликата, бунтовната Иранка Ширин и набожната Египќанка Мона и нивните конфликти за идентитетот, религијата и феминизмот, но и на харизматичниот професор Азур, чиј контроверзен предмет ги преобразува животите на студентите. Како што се стеснува обрачот на тероризмот, Пери е принудена да се соочи со болниот спомен од детството и најпосле – со оксфордскиот скандал што неповратно ги раскинува сите врски меѓу нив...

 „Длабок и незаборавен роман што поврзува различни светови, гледишта и можности.“ Сандеј тајмс

Детали за продуктот

ISBN 978-608-230-517-2
Корица Мека
Година на издавање 2017
Издавачка куќа Три
Автор Елиф Шафак
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x