Тивка анестезија; за болката на другите

Тивка анестезија; за болката на другите

Цена: 180 ден.

Опис на книгата

„Тивка анестезија; за болката на другите“ е тематска збирка во која се објавени 14 раскази специјално напишани за оваа книга. Во општество и време во кое поединецот станува сè повеќе анестезиран од чувството на емпатија и можноста да го доживее страдањето на различните, 14 писателки и писатели се обидуваат да одговорат на прашањето каков е нашиот однос кон „болката на другиот“. Една од намерите на книгата е и да им даде глас на луѓето што се наоѓаат на маргините во општеството, живеат живот на аутсајдери или на обесправени поединци, луѓе чиј глас е замолчен.

Застапени автори: Николина Андова Шопова, Петар Андоновски, Игор Анѓелков, Јулијана Величковска, Живко Грозданоски, Владимир Јанковски, Жарко Кујунџиски, Калина Малеска, Владимир Мартиновски, Снежана Младеновска Анѓелков, Фросина Пармаковска, Олгица Станковска, Давор Стојановски, Фросина Стојковска.

Детали за продуктот

Корица Мека
Страници 144
Година на издавање 2016
Тежина 133
ISBN 978-608-243-192-5
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x