Второ издание на книгата што ја понесе наградата за најдобро илустрирана сликовница или книга за деца во 2015 година.
Eден од омилените херои за деца повторно достапен за сите!
„Тино е современо дете, со фантазија соодветна на модерното чувствување. Тој без пречки живее и соработува со јунак од типот на Супермен, Спајдермен или на Бетмен, овој пат негов идол и пријател – Ле Жба, личен суперјунак, кој секогаш му доаѓа напомош и го извлекува од незгодните ситуации, зашто Тино е дете, како што нагласува авторот, кое кога нема проблеми, самиот решава да ги создаде.
Триесетина куси раскази чија стожерна личност е детето Тино – Тино од мојот влез.“ - Оливера Николова