Ти носам пустински песок

Ти носам пустински песок

Цена: 280 ден.

Опис на книгата

Таа е неговата најнај другарка, тој нејзиниот најнај другар. Се викаат Стела и Сани, а меѓу себе Јасти и Тијас. Родени се на ист ден, во иста година, во ист час. Исти им се и имињата. Sвездени.Живеат во исто маало, учат во исто одделение, исти нешта ги интересираат. Изгледа дека ништо не би можело да ги раздели, па сепак...

Кога ќе се најдат илјадници километри далеку еден од друг, продолжуват да се дружат преку мејлови. Но колку можат тие да им ги надоместат живите средби, гушкањата, заедничката смеа, солзите, воздишките? Ќе се смени ли нешто меѓу нив? Дали ќе успеат да ја одржат блискоста?

На прагот се од тинејџерската доба со неброени прашања без одговори. И премногу си недостигаат. Ех, само кога повторно би се виделе!

Ти носам пустински песок, прв роман за деца и млади од авторката на Последниот чај, Полиња со диви нарциси, Понекогаш доаѓа среќа, Луна и Вилино.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2021
Страници 176
Издавачка куќа Три
Автор Винка Саздова
ISBN 9786084892502
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x