Тетовирачот од Аушвиц
Тетовирачот од Аушвиц

Тетовирачот од Аушвиц

Цена: 430 ден.

Опис на книгата

Во април 1942 година, Лале Соколов како словачки Евреин, е депортиран во комплексот на концентрациони логори Аушвиц-Биркенау.

Откако неговите заробувачи ќе откријат дека Лале зборува неколку јазици, тој ќе биде ангажиран да работи како Тетовирач, а со тоа ќе остави доживотен белег во судбините на луѓето.

По две и пол години поминати во Аушвиц, Лале е сведок на ужасни злосторства, но исто така и на неверојатните акти на храброст и сочувство. Ризикувајќи го својот живот, тој ќе ја искористи својата привилегирана позиција

за размена на накит и пари од убиените Евреи за да купи храна и да им помогне на затворениците да преживеат.

Еден ден во јули 1942 година, затвореничката со број 32407 му ја менува судбината на Лале. Тој е цврсто решен дека некако ќе го преживее логорот и дека еден ден ќе се ожени со неа.

„Тетовирачот од Аушвиц“ е живописно и стравично сведоштво за издржливоста на љубовта и човештвото во најмрачните можни услови.

Детали за продуктот

ISBN 978-608-262-012-1
Корица Мека
Година на издавање 2019
Издавачка куќа Култура
Страници 318
Автор Хедер Морис
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x