Светот на Станислав Лем

Светот на Станислав Лем

Цена: 330 ден.

Опис на книгата

ЛЕМОЛОШКА РИЗНИЦА НА МУДРОСТА, ЕНЦИКЛОПЕДИЈА НА 2000 МУДРИ МИСЛИ И ЦИТАТИ од Станислав Лем: цивилизација, глобализација, итрина, човек, добро и зло, гордост, елемент, живот, смрт, свет, смеа … Искази на СТАНИСЛАВ ЛЕМ за повеќе од 1 000 поими од неговите книги и интервјуа, по повод годината на Станислав Лем – 100 години ЛЕМ (1921-2021). Оваа збирка ги содржи есенцијалните мисли на авторот чии книги достигнале вкупен тираж од над 30 милиони примероци и преводи на повеќе од 40 јазици во педесетина земји од светот.

Македонското издание на оваа книга е дел од проектот „100 книги за 100 години од раѓањето на Станислав Лем“: Станислав Херман Лем (12.9.1921, Лавов – 27.3.2006, Краков) – мислител, философ, писател, футуролог, сатиричар, книжевен критичар. Во неговото творештво – книжевното и философското – постојат три главни теми врз коишто работел во текот на сиот свој живот: Космосот, Животот и Разумот, нивното Настанување и Еволуција, при што белетристиката често претставува илустрација на теоретско-научните размислувања.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2021
Страници 288
Тежина 315
Издавачка куќа Антолог
Автор Виктор Јазневич
ISBN 978-608-243-503-9
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x