Светата крв

Светата крв

Цена: 180 ден.

Опис на книгата

Романот „Светата крв“ е роман за љубовта и страстите во сите свои димензии, за злосторството, одмаздата, простувањето, а како ликови се јавуваат учители и ученици во еден историски бурен период од 1920 до 1950 година. Клучното место на случувањата е забутаното гратче Ја. Романот е составен од четири дела, а секој дел започнува со извадок од „Четирите годишни времиња“ на Антонио Вивалди. Романот е напишан така што речениците звучат како музика, многу блиску до поезија.

Колку историска толку и универзална, книгата проникнува во самата суштина на човечкото, во неговата природа. Од собитијата извираат страдањата, мислите, зборовите што ги изговараат, музиката што ја слушаат, книгите што ги читаат, филмовите што ги гледаат…

Самиот автор би рекол: „Кога Флобер бил запрашан која е Мадам Бовари, одговорил ’Тоа сум јас!‘, истото го мислам и јас за ’Светата крв‘.“

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2018
Страници 144
Тежина 167
Автор Антон Баев
ISBN 978-608-243-271-7
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x