Сведокот

Сведокот

Цена: 230 ден.

Опис на книгата

Збирката раскази „Сведокот“ е поделена во два дела: предвоените искуства и повоената дезинтеграција. Таа е длабока и гласна побуна против војната, без оглед на страните, несогласувањата и фактите.

Во првиот дел акцентот е поставен врз драмата и кризата кај албанскиот народ. Приказните се напишани во динамичен сооднос меѓу детската и возрасната перспектива. Тие го следат проголтувањето на луѓето во механизмот на војната, при што и жртвите се претвораат во воени карактери, претставници на изразот и менталитетот на агресорот.

Вториот дел го следи распадот на човечките животи по војната. Читаме бриколаж на стварноста и нормалноста, пренесен во апстрактно расположение и наратив.  Расказите од овој дел се остатоци на трагедијата што не може да се надмине, бунт против последиците на војната во општество што привидно живее во слобода.

Контроверзна и провокативна, „Сведокот“ беше високо оценета и во Косово и во Албанија – познатиот албански критичар Агим Баки беше еден од оние што широкоградо ја пофалија книгата.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2021
Страници 160
Тежина 174
Издавачка куќа Антолог
Автор Балсор Хоџа
ISBN : 978-608-243-482-7
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x