Свадбата на Ежо и Ежа

Свадбата на Ежо и Ежа

Цена: 160 ден.

Опис на книгата

Запознајте се со нашите најнови херои – фамилијата Ешковци! Не, стоп, почекајте, дечиња, возбудувањата допрва ќе следуваат.

За почеток, запознајте ги Ежо и Ежа. Тоа се две шумски ежиња што се заљубуваат на прв поглед. И, во тој момент, целата шума Иглолисна затреперува. А, кога возрасните ќе се заљубат до уши, обично склучуваат брак. И тогаш се организира нешто многу, многу интересно.

Дали знаете како изгледа шумската свадба на нашите херои? Кој ќе биде поканет на веселбата, а кој не? Кој ќе ја прифати поканата, а кој ќе се налути што не е на списокот?

И, најважното нешто: знаете ли што ќе следува веднаш по свадбата на Ежо и Ежа?

Откријте повеќе во новата сликовница од пишувачката работилница на дедо Александар Кујунџиски!

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2021
ISBN 978-608-66345-3-7
Страници 16
Тежина 99
Издавачка куќа Антолог
Александар Кујунџиски

Александар Кујунџиски

Александар Кујунџиски (1 октомври 1946, Пехчево) — македонски самостоен уметник, писател и издавач, хуморист и сатиричар.

Повеќе за Александар Кујунџиски
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x