Страв

Страв

Цена: 280 ден.

Опис на книгата

Натприродна мистерија од рангот на Стивен Кинг исполнета со страв и ужас!

Маж во своите триесетти години по раскинувањето со својата девојка се враќа во приградската населба во која израснал. Населбата е сместена во подножјето на планина што крие грозоморна тајна – во исклучително студени зими во планината исчезнуваат деца. Заедно со поранешната љубов и со другарите мора да се соочи со злобната сила, но и со сенките од сопственото минато. Сите падови и разочарувања што ги доживеал дотогаш се ништо во споредба со пеколот што демне на местата каде што израснал.

Авторот на бестселери, Јозеф Карика, во оваа хорор-приказна со натприродни елементи ни нуди и емотивно размислување за начинот на кој доживувањата од детството влијаат врз нашите животи.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2019
Страници 240
Автор Јозеф Карика
ISBN 978-608-243-329-5
Тежина 251
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x