Стаклените деца

Стаклените деца

Цена: 330 ден.

Опис на книгата

Стаклените деца е првиот роман за деца на Кристина Улсон една од најистакнатите авторки на криминалистички романи во Шведска која својата вештина за создавање на мистерии и трилер-атмосфера успешно ја адаптира и за помладата публика.

Возбудливата и интригантна приказна се одвива околу низа мистични работи што се случуваат во новиот дом на Били и нејзината мајка. Се чини како куќата да не сака тие да живеат таму. Заедно со своите пријатели Симона и Аладин, Били почнува да ја истражува темната историја на куќата. Сè додека една ноќ не ја разбуди тропање на нејзиниот прозорец...Колку повеќе истражува, толку станува посигурна дека мора да ја напуштат куќата, и тоа колку што е можно побрзо, пред да се случи нешто страшно. Пред да биде предоцна...

„Стаклените деца“ е добитник на шведската Награда за роман за деца во 2013 година, како и на наградата на Шведското радио за најдобра книга за читатели од 9 до 12-годишна возраст.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2019
Страници 236
Издавачка куќа Три
Автор Кристина Улсон
ISBN 978-608-230-593-6
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x