Среќен е тој што умее да сака

Среќен е тој што умее да сака

Цена: 180 ден.

Опис на книгата

Во оваа мала антологија, низ различни книжевни форми: поезија, раскази, извадоци од есеи и цитати, Хесе пишува за љубовта и нејзината моќ да го усреќи или да го унесреќи човекот. Таа е поттик за сите негови активности, таа е патот до целта и самата цел, истовремено. За Хесе љубовта е една егзистенцијална и трансцендентална потрага по сопствениот идентитет, состојба на посебно вдахновение и животна сила што го осмислува самото постоење. Љубовта никогаш не е поседување, па оттаму, според Хесе, вистинска љубов е само несреќната, невозвратената, онаа што не очекува, што не поседува и што постои сама за себе. Тој ги возвишува сите видови љубов во една универзална, постојана и безвременска идеја.

Детали за продуктот

Корица Мека
Страници 96
Година на издавање 2011
ISBN 9786082011318
Издавачка куќа Ѓурѓа
Херман Хесе

Херман Хесе

Херман Карл Хесе (Hermann Hesse) (2 јули 1877-9 август 1962) бил германско-швајцарски поет, романсиер и сликар. Неговите најпознати дела вклучуваат Демијан, Степенволф, Сидарта и Играта со стаклени зрнца, од кои секоја ја истражува потрагата на индивидуата за автентичност, самоспознавање и духовност. Во 1946 година, тој ја доби Нобеловата награда за литература.

Повеќе за Херман Хесе

Книги од авторот

Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x