Срце на ветрот

Срце на ветрот

Цена: 230 ден.

Опис на книгата

Срце на ветрот е роман за жителите на едно рурално место во современа Ирска погодена од финансиската криза, во кое избиваат опасни тензии. Среде масовната безработица и беспарица, се разгоруваат гневот и насилството, кои кулминираат со убиство на еден стар човек и грабнување на едно дете, сеејќи ужас, горчина и очај меѓу жителите. Во срцето на романот е младиот Боби, кој како и мнозината бара начин да си го прехрани семејството, прогонуван од татковото убиство што многупати и самиот го посакал.

Овој полифоничен роман е мозаик од 21 лично видување на настаните раскажани во прво лице, што речиси се читаат како исповеди. Растргнати помеѓу јавната персона и личната болка од семејните конфликти, ликовите преку сопствената вистина расплетуваат една автентична приказна. Технички смело, досетливо, ранливо и претерано човечно, ова маестрално книжевно деби е олицетворение на духот на ирската провинција. Во него Донал Рајан со одлично одмерена мистериозност и длабока проникливост ги овековечува зборовите и мислите на една генерација.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2019
Страници 159
Издавачка куќа Три
ISBN 978-608-456-9862
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x