Спокојството е клучот

Спокојството е клучот

Цена: 330 ден.

Опис на книгата

Како да постигнеме успех во еден свет во кој сè бега надвор од контрола и во кој често пати се соочуваме со непријатности?

Сите големи лидери, философи, уметници, спортисти и визионери имаат една заедничка карактеристика. Онаа што им овозможува да го скротат својот гнев. Да ја избегнат деконцентрацијата и да ги прошират своите хоризонти. Рајан Холидеј ја нарекува спокојство.

Тој се задржува на будистичката и на стоичката философија за да покаже зошто човек треба да се движи пополека за да ги оствари своите цели.

Што е спокојството? Зошто ни е потребно? Остварливи ли се успехот, напредокот и самоусовршувањето без оваа клучна состојба на умот?

Самата античка мисла е свесна дека секој човек се раѓа спокоен и дека многупати го доживува спокојството во текот на својот живот. Но оваа книга детално проучува како да се постигне тоа спокојство по желба, и не само да се постигне туку и да се задржи во себе.

Преку разглобување на трите вечни полиња: умот, телото и душата, Холидеј стигнува до главните одредишта на стоичката философија, спокојството и истрајноста, ги анализира и создава модерно четиво наменето за секој што се стреми кон лично усовршување и исклучителност.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2020
Страници 256
Тежина 288
Автор Рајан Холидеј
ISBN 978-608-243-430-8
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x