Совршената дадилка

Совршената дадилка

Цена: 280 ден.

Опис на книгата

Кога Мирјам одлучува да почне да работи наместо да остане домаќинка, таа и нејзиниот сопруг бараат совршена дадилка за своите деца. Никогаш не сонувале дека ќе ја најдат Луиз: тивка, љубезна, посветена жена, која умее да пее приспивни песни, го чисти нивниот стан во Париз, останува доцна без приговор и приредува прекрасни забави за децата. Но, како што парот и дадилката стануваат сѐ позависни еден од друг, љубомората, незадоволството и сомнежите се зголемуваат. Потоа, еден ден, две деца се убиени од eдна „совршена дадилка“! Градејќи напнатост со секоја страница, овој роман е возбудливо и храбро набљудувано истражување на моќта, класата, расата, семејството, мајчинството и лудилото!

Во 2016 година романот ја добива наградата „Гонкур“ и набргу станува бестселер со над 450 000 продадени примероци!

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2019
Страници 208
Автор Лејла Слимани
Тежина 219
ISBN 978-608-243-340-0
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x