Соломоновиот знак

Соломоновиот знак

Распродадено

Опис на книгата

Лето период на годишни одмори. Осло е пуст зафатен од тропски горештини. Во еден стан недалеку од гробиштата од таванот капе вода право во тенџере со зовриени компири и создава црни грутчиња...

За тоа време, инспекторот Хари Хуле – пијан, напуштен и веројатно отпуштен од работа – спие на подот во својот стан во Софиина улица. Упорно но неуспешно обидувајќи се да го разобличи вишиот инспектор Том Волер како убиец, ги изневерил сите што му значат нешто. По четиринеделно отсуство, не очекува дека ќе му биде доделен каков и да е нов случај. А тогаш се појавува труп на девојка со отсечен прст и Хари го буди повик од началникот на Одделението за крвни деликти. Во таа последна истрага Хари ќе мора да соработува со единствениот инспектор кој никогаш не оди на одмор: Том Волер. А за наредните денови е најавено покачување на температурите...

„Несбе уште еднаш се покажа како суверен мајстор на жанрот. Вешто раскажано, со неочекуван исход.“ Оле Јакоб Хул, Адресеависа

„Роман полн со пресврти и со елегантно поврзани паралелни текови. За секоја пофалба!“ Мортен Абрахамсен, VG (Норвешка)

Детали за продуктот

ISBN 978-608-230-440-3
Корица Мека
Година на издавање 2016
Издавачка куќа Три
Автор Ју Несбе
Ју Несбе

Ју Несбе

Ју Несбе (роден на 29 март 1960) е норвешки писател, музичар, економист и поранешен фудбалер и известувач. Повеќе од 3 милиони копии од неговите романи беа продадени во Норвешка од март 2014 година; неговото дело е преведено на повеќе од 50 јазици, а до 2021 година се продадени околу 50 милиони примероци ширум светот. Познат првенствено по неговите крими-романи со инспекторот Хари Хол, Несбе е исто така главен вокал и текстописец за норвешкиот рок бенд Ди Дер. Во 2007 година ја издаде својата прва книга за деца, Доктор Прокторс Промпулвер. Филмот од 2011 година, Ловци на глави, е базиран на романот на Несбе.

Повеќе за Ју Несбе

Книги од авторот

Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x