Снегулки

Снегулки

Цена: 280 ден.

Опис на книгата

Дејството на романот се одвива во кризните 80-ти години, во Камден, Њу Џерси, во заедница на емигранти кои не успеале да го остварат американскиот сон. Додека адолесцентите и возрасните се справуваат со тешките животни моменти, истовремено се развиваат сеќавањата за претходната генерација Грци и други американски имигранти. Приказната ја следи тинејџерката Мини: кога исчезнува нејзиниот проблематичен брат, мајка им, по потекло од Порторико, умира од тага. Семејството Кампанис одлучува да ја прими Мини: мајката Сузан, поранешен хипик, таткото Басил, претставник на втората генерација американски Грци, и Лето, соученичката на Мини и единствената ќерка на Сузан и Базил. Доаѓањето на Мини повторно ги разоткрива старите семејни лузни.

Оригиналниот наслов Дентрити е термин кој се користи да се опише формата на снегулката, зашто токму како снегулки, Мини и Басил, Лето и Сузан, и другите ликови во книгата, се уникатни и прекрасни додека летаат низ воздухот и се топат. Во апстрактна смисла, „дентрит“ означува и сеќавање: семејните стебла и трагите што го оставаат за идните генерации.

Снегулки е трета книга на Калија Пападаки, за која ја доби Европската награда за литература во 2017 година.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2019
Издавачка куќа Три
Автор Калија Пападаки
ISBN 978-608-230-6292
Страници 234
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x