Слики од детството

Слики од детството

Цена: 230 ден.

Опис на книгата

Оваа збирка содржи 55 кратки раскази за деца – „слики“ што авторот ги посветил на своето детство „претрчано во родното Пехчево“, вселено во прегратките на областа Малеш, во источниот дел од нашата Македонија.

Преку овој зборосплетен ѓердан од вистински згоди и настани, доживеани и повторно оживеани под перото на Александар Кујунџиски, може да се согледа  едно дамнешно детство во исконска сплотеност со природата; со ливадите, горите, ридјето, планињето и со нивниот растителен и животински свет…

Да се видат колоритот и одличијата на сите годишни времиња; драгоста што ја носи раскошот и буктежот на пролетта; распеаноста и исполнетоста на летните дружби и милности; дарежливоста на жолтозлатната есен; белината на снеговите и топлината на зимските игри и радости…

Да се почувствуваат личотијата на шумските јаготки, ѕуници, малини, капини, боровинки; опојот на здравецот, синчецот, мајкината душица, медуниките, јагликите; и на косеното сено, нанижано на стогови…

Да се слушнат  ѕунот на некогашните училишни ѕвончиња и советодавниот глас на драгите учители… Секако, неизоставно – и гргорот на планинските води што го заплиснуваат и на еден своевиден начин го бранувале ова преубаво гратче, за кое во времето на детството на овој наш писател насекаде ечела песната „Ој, Пехчево – ти град Венецијо!…“

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2017
ISBN 978-608-243-219-9
Страници 106
Тежина 153
Издавачка куќа Антолог
Александар Кујунџиски

Александар Кујунџиски

Александар Кујунџиски (1 октомври 1946, Пехчево) — македонски самостоен уметник, писател и издавач, хуморист и сатиричар.

Повеќе за Александар Кујунџиски
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x