Скриено писмо

Скриено писмо

Цена: 180 ден.

Опис на книгата

„Тоа (концептуално) начело е надополнето со визуелното, што создава еден поетски простор-време сценски или сценографски режиран и филмски монтиран. Тоа е особен белег на оваа поетска книга и со тоа се одликува, во овој миг, авторскиот профил на Митко Гогов, како претставник на една млада генерација полна амбиции, но не секогаш и со препознатлив и оригинален пристап. Митко Гогов покажува доблест да се впушта во иновации, и да го истражува поетскиот израз.“

акад. Катица Ќулавкова

 

„Со оваа поетска збирка, Гогов се докажува како зрел автор со изградена поетика и естетика, а песните, иако се зачнати и родени во лирското, се стремат кон филозофското и метафизичкото.

…Меѓу најсилните и најпрепознатливи гласови на македонската современа поезија.“

д-р Славица Гаџова-Свидерска

 

„Кога некому (кој обично ни е близок) му доверуваме нешто што претходно било скриено, тој чин на споделување е врвен доказ на блискост и доверба. Таа блискост ја чувствуваме читајќи ги песните на Митко Гогов.“

Владимир Мартиновски

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2019
Страници 96
Автор Митко Гогов
ISBN 978-608-243-344-8
Тежина 106
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x