Скопје и сè е можно

Скопје и сè е можно

Цена: 330 ден.

Опис на книгата

Четворица луди другари имаат намера да го украдат споменикот „Воин на коњ“ од Плоштадот во Скопје. Урнебесните ситуации почнуваат со ковањето планови како да се дигне 14,5 метарскиот споменик кој тежи десетици тони.

Кој очекува да прочита уште една од книгите на Жарко Кујунџиски, ќе останебајагиразочаран. Романот е 180 степени поразличен од сè досега, бидејќи е пишуван на скопски сленг а народниотхумор е тој што го движи дејството и дава шарм на несекојдневната идеја која може да ги освои и најголемите мрчатори.

Пишувана според целосно бестселерска формула,Скопје и сè е можно лесно и бргу се чита а дејството е и смешно и динамично, како да гледате холивудска комедија.

Хуморот во македонската литература е ретко присутен, но овојпат стилот е на чист македонски Квентин Тарантино и ќе ги возбуди читателите од сите генерации и општествени провиниенции.

Насловната страница ја направи македонскиот стрипаџија Михајло Димитриевски Тхе Мичо, цртачот на серијата Еднооки.

 

Детали за продуктот

Корица Мека
Автор Жарко Кујунџиски
Година на издавање 2013
Страници 304
ISBN 978-608-4507-74-1
Тежина 489
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x