Скитникот и синовите

Скитникот и синовите

Цена: 280 ден.

Опис на книгата

Висок, зеленоок, со долга сребреникава коса, капетан Јосиф има среќна насмевка на човек кој знае дека Бог му дал сè што посакал: него самиот. Под надуваните едра на јахтата Барболета, со темнозелен труп и сина палуба, исправен пред заканата од пиратскиот брод, тој ја прифаќа тажната вистина дека животот ќе му помине во празнотија и осаменост.

Ако има нешто во што не умее да се снајде ни на копно ни по море, тоа е комуникацијата со деца. А токму со нив ќе се соочи на сопствениот брод! Неговите најдобри пријатели му ги оставаат синовите за време на летниот распуст – на двонеделен почетнички курс за управување на бродови. Вечно гладниот Димитрис со својот лабрадор Мајло, вљубениот Николас со нос забоден во телефонот, Алекс постојано расположен за кавга, неговиот сопствен син Коста што не го видел со години, а на крајот и Лиља, капетановата ќерка од пиратскиот брод. Ќе успее ли да се снајде со нив и да ги научи како да се спасат од неочекуваната опасност со која се соочуваат? Или тие него ќе го научат на најважните животни вистини од кои тој долго време бега?

Ова е книга за светлината. И за храброста на човекот да ја пушти светлината во себе.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2019
Страници 232
Издавачка куќа Три
Автор Александар Секулов
ISBN 645-608-230-6759
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x