Скинат ѓердан
Скинат ѓердан

Скинат ѓердан

Цена: 280 ден.

Опис на книгата

На семејната прослава на дваесет и петтата годишнина од бракот Стојан на сопругата Злата и подарува ѓердан од охридски бисери.

Среќата и хармонијата во семејството траат до оној момент кога Злата пред вратата од станот на 1-ви јануари наоѓа машко бебе оставено во кошница, го внесува бебето внатре и го буди мажот. Од глетката на Стојан му се слошува. Последните негови зборови што и ги упатува на Злата во болницата се дека бебето е негов син.

Стојан умира. Злата се онесвестува. Кога се враќа дома од болницата застанува пред огледалото и го гледа ѓерданот. Во еден момент го повлекува со раката, тој се кине, а бисерите се разлетуваат по собата.

Од тој момент започнува нејзината вистинска борба за своите четири ќерки и за синот на нејзиниот маж. Вистината за Ангел вешто ја крие од ќерките иако во меѓувреме го посвојува.

Секоја од ќерките оди по својот пат…

Но ништо не останува скриено. Кога Ангел се разболува од леукемија една од неговите полусестри донира коскена срцевина и му го спасува животот. Тогаш се излегува на виделина...

СКИНАТ ЃЕРДАН е блескав роман со емотивно силен поглед на црно-белите патеки во животот на ликовите.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2016
Страници 310
Издавачка куќа Култура
Автор Милијана Павловска
ISBN 978-9989-32-868-8
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x