Сите твои совршености
Сите твои совршености

Сите твои совршености

Цена: 380 ден.

Опис на книгата

Колин Хувер се надминува себеси со моќна приказна за еден разнишан брак и едно старо, речиси заборавено ветување што би можело да го спаси.

На совршената љубов на Квин и Грахам ѝ се заканува нивниот несовршен брак. Спомените, грешките и тајните што се трупале низ годините сега ги влечат на различни страни и уште повеќе ја зголемуваат дистанцата меѓу нив. Единственото нешто што би можело да ги спаси е токму онаа работа што ги има донесено до работ на пропаста.

„Сите твои совршености“ е срцепарателна, емотивна и моќна приказна за пар чија потенцијална иднина се држи на шарките на ветувањата дадени во минатото. Додека без престан ги голтате страниците, ќе се прашувате: Може ли една силна љубов со совршен почеток да живее цел живот меѓу двајца несовршени луѓе?

Ако ви се допадна нејзината „Ова завршува со нас“, тогаш сигурно ќе ве освои и нејзиното најново ремек-дело.

Детали за продуктот

ISBN 978-608-260-011-6
Издавачка куќа Сакам Книги
Колин Хувер

Колин Хувер

Колин Хувер (Colleen Hoover) (родена на 11 декември 1979 година) е број 1 најпродаван автор на Њујорк Тајмс за единаесет романи и пет новели. Нејзините романи спаѓаат во категории Нови возрасни и млади возрасни.

Повеќе за Колин Хувер
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x