Сите мажи ја сакаат Лиа
Сите мажи ја сакаат Лиа

Сите мажи ја сакаат Лиа

Цена: 330 ден.

Опис на книгата

Ова е твоја борба и ти мора да победиш.

Никој не може да ти помогне.

Уморен си од слушање туѓи приказни, сакаш своја приказна.

Пропаднат во сопствената црна дупка, забораваш како изгледа светлината.

Твојот часовник стои, како да си претворен во лед.

А сакаш цветови. Сакаш бои. Сакаш шаренило. Не ти останува ништо друго, освен да создадеш свој свет.

Насликај го. Насликај и цветови. Направи го шарен твојот свет. Тогаш, испружи се врз цветовите и помирисај ги.

Длабоко земи воздух и набљудувај.

Некогаш треба да бидеш набљудувач на сопствениот живот, за да сфатиш дека само тоа и си бил цело време.

А потоа ќе се засрамиш и засекогаш ќе се измениш.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2019
Издавачка куќа Култура
Страници 206
Автор Ксенија Николова
ISBN 978-608-262-016-9
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x