Сината лисица

Сината лисица

Распродадено

Опис на книгата

Студениот пејзаж на Исланд е локацијата каде што се случува оваа магична приказна, која е делумно мистерија, делумно бајка. Во основата романот следи две сосем лабаво поврзани приказни во неколку дена во 1883 година. Балдур Скагасон е на лов и следи една неуловлива лисица. Природонаучникот Фридрик Фридриксон се бори да ѝ овозможи иднина на својата штитеничка, млада жена со Даунов синдром, која ја спасил од бродолом пред неколку години.

Човечките ликови и сината лисица не се само длабоко поврзани, туку се и еднакво фасцинантни поради сѐ што претставуваат и поради начинот на кој си влијаат едни на други.

Посебноста на „Сината лисица“ лежи во поетскиот јазик и во начинот на кој се гради приказната, сцена по сцена. Ефектот е речиси хипнотички. Ќе ја дочитате со желба да не заврши, иако најпосле суптилниот пресврт ќе ги спои линиите глатко и паметно.

Добитникот на Нордиската книжевна награда, еквивалент на Букеровата, е совршен вовед во еден книжевен талент од светска класа.

Детали за продуктот

Корица Мека
Година на издавање 2014
Страници 112
Автор Сјон
ISBN 978-608-243-002-7
Тежина 125
Издавачка куќа Антолог
Korica.mk користи колачиња за персонализација на содржините и функционалност. Со продолжување на користење на сајтот или со кликнување на “Се согласувам”, се согласувате да ги зачувуваме колачињата. Повеќе инфо
x